Дома
Производи
За нас
Контакт


Ариазоне
Интернатионал
Еуропе

15-ти Корпус бб,
6000 Охрид
Т: 046 230-320
Ф:046 230-321




 


Ариазоне Интернатионал Еуропе е фирма специјализирана за дизајн и производство на автоматски станици за сервисирање на автомобилски клима уреди како и сите други разладни системи. Во производниот програм на Ариазоне спаѓаат и генератори за азот за полнење на авто пневматици.

Фирмата е основана во Охрид 1998г., а од 2007г. е во сопственост на компанијата "The ROC Group" од Мелбурн, Австралија.

Уредите произведени во Ариазоне во Охрид веќе 12 години се извезуваат во Европа, Австралија и на Блискиот Исток. Уредот Ариазоне 5001 е продаден и го користат авто-сервиси дури и во: Кина, Казахстан, Киргистан, Грузија, Гибралтар, Индонезија, Филипини, Сингапур, Папуа Нова Гвинеја, Аруба и Холандски Антили...

Сервисните станици произведени во Македонија ги користат и армиите на САД и Велиkа Британија стационирани во Кувајт, Ирак и Авганистан.

Нашите производи се препорачани и ги користат најразлични производители и дилери на возила низ целиот свет, како што се: Мерцедес Бенз, Астон Мартин, Јагуар, Ролс Ројс, Генерал Моторс, Ровер, Форд, Пежо, Волво, Мазда, Рено, Порше и Фолксваген од Кина и многу други...

Во Ариазоне веруваме дека нашите уреди се меѓу најнапредните и најефикасните уреди на светскиот пазар денес и сме сигурни дека со нашата работа и посветеност кон постојан развој и во иднина ќе го одржиме растечкиот тренд на нашата компанија.



 
 
 
 
 
 
 

 

База на податоци за количина на Р134а во авто клима уреди

 

База на податоци за количина на Р134а во камионски клима уреди

 

База на податоци за количина на масло во компресорите