Дома
Производи
За нас
Контакт


Ариазоне
Интернатионал
Еуропе

15-ти Корпус бб,
6000 Охрид
Т: 046 230-320
Ф:046 230-321




 

АВТОМАТСКИ СТАНИЦИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИ КЛИМА УРЕДИ

 
АРИАЗОНЕ 5001
Автоматски уред за сервисирање авто клима уреди

Главни Функции:

- Извлекување и рециклирање на разладниот флуид Р134
- Вакумизирање (чистење) на клима уредот
- Вбризгување на масло или УВ боја (мануелно)
- Електронско полнење со разладен флуид Р134а
ОПЦИОНАЛНО:
- Принтер
- Додатен кондензатор за сервисирање на поголеми системи
- Собирна боца 27кг (стандардна 12кг)

АРИАЗОНЕ 5001 ФАХД
Комплетно автоматски уред за сервисирање авто клима уреди со вграден принтер и база на податоци

Главни Функции:

- Извлекување и рециклирање на разладниот флуид Р134
- Автоматско исфрлање и мерење на сепарираното масло
- Вакумизирање (чистење) на клима уредот
- Електронско вбризгување на масло или УВ боја
- Електронско полнење со разладен флуид Р134а
- Печатење на комплетен извештај за извршен сервис
- Вградена база на податоци за над 1500 возила
- Функција за комплетно автоматско сервисирање на клима уредот
- Софтвер за контрола за потрошувачката на фреон

УРЕДИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА РАЗЛАДНА ТЕХНИКА


АРИАЗОНЕ 601 - Уред за извлекување на разладни флуиди

Ариазоне 601 е уред кој овозможува извлекување на разладниот флуид од сервисираниот разладен систем, негово пречистување и складирање во собирна боца со цел да се искористи повторно. Уредот е дизајниран да биде едноставен за работа. Содржи голем филтер дехидратор и сепаратор за масло кој ефикасно ќе ги одземе влагата и маслото од разладниот флуид.

АРИАЗОНЕ 101 - Вакуум станица

Вакуум станицата Ариазоне 101 покрај вакумизирање, има опција да ги отчитува работните притисоци како и да вбризга ново масло во клима уредот. На специјално дизајнираниот собирник можат да се приклучат и рекавери уред и електронска вага и со тоа да се комплетира модуларен систем кој ќе ги задоволи сите барања на сервисерот за професионална работа.

АРИАЗОНЕ 501 - Електронска вага

Ариазоне 501 е ултиматен избор за ефикасно полнење на клима уредите. Електронската интелегенција вградена во уредот овозможува прецизно и едноставно полнење директно од боца со разладен флуид без користење на стаклени мензури. Може да користи цилиндер од 25кг. Дисплејот на уредот е голем и јасен овозможувајќи му на операторот да го види и од поголема далечина.


КОМПРЕСОРСКИ МАСЛА


Ариазоне нуди широк асортиман на синтетички PAO компресорски масла за разладните системи. PAO (Poly Alpha Olefin) е синтетичко масло развиено за универзална апликација во автомобилските клима уреди како и сите типови на индустриски разладни системи.
Ariazone - AA1. Вискозитет: 68 i 100; Пакување.: 0.5L, 1 L, 5 L
Ariazone - PL68 со УВ боја. Вискозитет: 68; Пакување.: 1 L, 5 L

ГЕНЕРАТОРИ ЗА АЗОТ


АРИАЗОНЕ 1200 - Генератор за азот за полнење на автопневматици

Ариазаоне 1200 е автоматски уред кој произведува азот од компримиран воздух со чистота од 95%. Работи на принцип на мембранска сепарација на молекулите. Уредот е комплетно автоматизиран и пневматски контролиран.
Спецификации:
- Капацитет 1200lit/h или 12 пневматици на час со дим. 175/70 R13
- Капацитет на боцата на уредот: 100lit
- Макисмален доводен притисок: 10Bar
- Вградена функција на вакумизирање (чистење) пред полнење со азот
АЛАТ И ПОТРОШНИ МАТЕРИЈАЛИ


Разладен флуид R134a

Проверено квалитетен разладен флуид R134a со 100% чистота и поволна цена. Нето маса 13.6 kg.

D- 440A - Електронски детектор на течење

Електронскиот детектор на течење D-440A е прв на пазарот кој ги задоволува новите стандарди SAE Ј2791. Има 3 степени на сензитивност и дигитален индикатор за покажување на течењето.

Invictalux - УВ лампа

Одлична УВ лампа од средна класа. Работи со 3 стандардни АА батерии. Комплетот содржи и специјални УВ наочари.
Алат за одвојување на ал. цевки

Овозможува отворање на ал. цевки во клима уредите во Форд, Цитроен и Пежо затворени со брза спојка со пружина. Комплетот содржи 4 типа за различни дебелини: 3/4", 3/8", 1/2", 5/8".

Гумени "О" прстени - комплет

Содржи: 40 6.07x1.78, 40 8.8x1.9, 30 10.6x2.4, 30 10.9x1.9, 30 13.7 x 1.9, 30 15x1.78, 20 13.8x2.5, 20 17.3x2.5 т.н. HNBR зелени о прстени.

Вентили за сервисни приклучоци - комплет

Комплетот содржи и алат за одвртување на вентилите (2 парчиња) како и 6 пазлични типови на вентили за сервисните приклучоци.





 
Дигитален термометар

Дигитален термометар за контрола на работата на клима уредот.









 
 
 

 

База на податоци за количина на Р134а во авто клима уреди

 

База на податоци за количина на Р134а во камионски клима уреди

 

База на податоци за количина на масло во компресорите